Услови за користење
Последно ажурирање на 23/09/2025
Овие Услови го регулираат користењето на сајтот fbtrosoci.com. Со пристапување или користење, се согласувате со следново:
1. Услуга
Сајтот обезбедува статистички податоци и графички визуализации засновани на јавни податоци добиени од Meta Ad Library Report (извештај и официјален widget).
Сервисот е само информативен и не гарантира целосност или точност на податоците.
2. Однос со Meta
fbtrosoci.com е независен, непристрасен, индивидуален проект и не е поврзан, финансиран или одобрен од Meta Platforms, Inc. или било кој друг субјект
Податоците се преземени од Meta Ad Library Report (извештај и официјален widget).
Податоците се прикажани такви какви што се достапни во извештајот и преку официјалниот widget на Meta Ad Library Report, без дополнителна обработка што би ја изменила нивната суштина.
3. Ограничување на одговорност
Сервисот не е одговорен за било какви одлуки или акции преземени врз основа на прикажаните статистики.
Информациите се презентираат „како што се“ без гаранција.
4. Корисничка употреба
Посетителите смеат да користат прикажаните податоци само за лична, образовна или истражувачка цел.
Комерцијално користење или репродукција на содржината е дозволена по претходна писмена согласност од fbtrosoci.com.
Корисниците смеат да споделуваат делови од визуелизациите со наведување на изворот fbtrosoci.com.
5. Интелектуална сопственост
Графиконите, визуелизациите и анализите создадени од fbtrosoci.com се заштитени како оригинална содржина.
Изворните податоци остануваат сопственост на Meta Platforms, Inc.
6. Промени
fbtrosoci.com го задржува правото да ги менува овие Услови и Политиката за приватност во секое време.
Промените стапуваат на сила веднаш по нивното објавување.
Продолжувањето со користење на сајтот по објавување на измените значи дека се согласувате со новите услови.